ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги правда криминалот и промената на името со лажни заложби за ЕУ

Од:

„Сегашноста е мачна, а иднината неизвесна со СДСМ на власт. Работниците работат по 12 часа за потпросечни плати, младите секој ден се со мисла да ја напуштат татковината, а невработените никако да добијат шанса.

Повеќе од година и пол откако СДСМ е на власт, државата не само што не тргна кон подобро, туку ситуацијата дополнително се влоши.

На власт се политичари и нивни ученици, кои во 90 – тите не убедуваа дека само да ја прифатиме привремената референца ФИРОМ и државата ќе тргне на подобро, па да го смениме знамето, па Уставот, па да го прифатиме Рамковниот, па територијалната поделба, се прифативме и не само што не тргна на подобро, туку е полошо. Животите на генерации Mакедонци од 91 – та до денес поминаа во тага, безнадежност и безперспективност.

СДСМ е партијата која ги приреди сите понижувања на државата. СДСМ е повторно таа која сега не убедува дека ќе ни биде подобро, иако вршиме промена на името, идентитетот, историјата и културата на нацијата, нешто што е вековно обележје на суштествувањето на еден народ.

И додека штетните политики ги правдаат со декларативните заложби за ЕУ и НАТО интеграцијата на земјата, во реалноста прават невиден криминал, се делат милионски тендери на партиски луѓе, ќерка директор дава тендер на татко бизнисмен и што ли уште не. Народот пати и не гледа како со ваков криминал државата може воопшто да функционира, а не пак да влезе во ЕУ.

Овој договор е штетен и ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи, исто како што е штетно владеењето на СДСМ со Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ има демократски став, кој остава на граѓаните сами да одлучат како ќе постапат на референдумот. Граѓаните треба да имаат услови за непречено дејствување согласно нивната волја и убедување.

Ниту СДСМ ниту било кој смее да влијае на граѓаните. Овој хаос мора да запре. СДСМ мора да си замине“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер