А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги лажеше граѓаните – 128.722 лица, а не 180.000 се вработени во јавниот сектор

by А1он30/03/2018 - 16:47152
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Манчевски призна дека СДСМ години наназад свесно ја лажеле јавноста во врска со бројот на вработени во јавниот сектор. Бројот на вработени во јавната администрација е 128.722, а не 180.000 како што СДСМ ги лажеше граѓаните пред изборите.

Манчевски ги потона лагите на СДСМ. Но сепак не се надмина себе си и се обиде во вкупната бројка да ги вкалкулира и вработените во приватните агенции и трговски друштво, велејќи дека бројот на вработени е 139.000. Ова е спротивно на домашната и мегународна методологија за пресметка на вработените во јавниот сектор. Манчевски тоа го знае и затоа тивко и во фуснота призна дека вистинската бројка е всушност 128.722 лица.

Манчевски се фалеше со прераспоредување на 900 рамковно вработени лица, а не кажа што со 1600 лица кои преостануваат. Манчевски не кажа и дека во изминатиот период владата на ВМРО-ДПМНЕ прераспредели над 4000 лица, со што целосно се ипочитува Рамковниот договор. Тоа се правеше согласно закон, без фанфари, драми и пресконференции.

Следете a1on на Youtube YouTube

Манчевски презентираше некомплетен извешатај. Во извештајот кој го презентираше Манчевски за првпат во историјата не е вклулчена годишната флуктуација на кадри во текот на годината. Односно бројот на нови вработувања и бројот на престаноци на работен однос.

Манчевски не го кажа ова поради фактот што по преземањето на власта СДСМ за само 6 месеци вработи скоро 13.000 лица. За сметка на тоа околу 10.000 лица си заминале од јавната администрација поради мобингот и невидените притисоци кои ги претрпувале од страна на новата власт.

Зошто Манчевски прескокна да ја вклучи и оваа анализа во Извештајот? Зошто граѓаните не се информираат со вистинската состојба.

СДСМ ги сруши сите стандарди, со цел вработување на своите партиски послушници. Владата со новиот закон дрско го сруши мерит системот, кој го воспостави претходната влада тајно, шверцерски и без присуство на опозицијата. Со цел да создаде услови таканаречените шарени револуционери, без посебни квалификации да ги вработи.

СДСМ не спроведува реформи. СДСМ го загрозува реформскиот процес. Сето ова ќе ја чини државата изгубени години во обид да се спроведе вистинската реформа на јавната администрација која ја започна Владата на ВМРО-ДПМНЕ, и која Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи, многу брзо, веднаш по следните избори“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:03

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Предраг Петровиќ05/11/2026 - 19:17

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Горан Наумовски01/11/2026 - 13:33

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 20:20

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски15/10/2026 - 09:2715/10/2026 - 09:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео