ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е уценета партија

Од:

„Прифаќањето на платформата од Тирана е класична уцена. Заради карактерот и алчноста да се дограбат до власт, проценката била дека ваквата уцена може да помине кај Зоран Заев и СДСМ без разлика колку нејзиното прифаќање е штетно за државните и национални интереси.

СДСМ е уценета партија, но трагедијата е во тоа што цената на крајот ќе ја плати Република Македонија и македонскиот народ.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ понуди на СДСМ и нејзиното раководство да ја отфрлат уцената и платформата од Тирана. Да се откажат од редефинирање на Република Македонија и нејзино трансформирање од мултикултурна во бинационална држава.

Во таков случај ВМРО-ДПМНЕ се обврза дека ќе го поддржи Заев и СДСМ да формираат влада, иако не беа поразени на изборите.

СДСМ треба да го сфати историскиот моментум и да ги отфрли заканите и уцените од надвор, пред кои се наоѓа Македонија, но и самите тие како партија.

Граѓаните на Македонија очекуваат да проработи совеста кај секој политички субјект, вклучително и кај Заев, во време кога постои сериозна закана по унитарниот и суверениот карактер на државата.

Секое редефинирање на државата не им е во прилог ниту на Албанците, ни на Ромите, ни на Бошњаците, ни на Власите, ни на Србите, ни на Турците, а најмалку на Македонците во нашата татковина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски