ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на прав пат Македонија да ја втурне во провалија

Од:

„СДСМ е на прав пат Македонија да ја втурне во провалија. Заев и екипата околу него се на прав пат да ги наполнат своите приватни конта, додека граѓаните гладуваат.

СДСМ е на прав пат да исели уште 1.000 луѓе за еден ден во градови како Делчево, Берово, Виница или Македонска Каменица.

СДСМ е на прав пат да го уништи земјоделието. Со СДСМ на власт родот наместо на пазар завршува на буниште.

СДСМ е на прав пат да го колабира здравството. Министерот и директорот на ФЗО наместо за подобро здравство работат за криминалот на Заев.

СДСМ е на прав пат да го осакати образованието. Учениците и по еден месец откако почна учебната година немаат учебници.

СДСМ е на прав пат да ги понижи безбедносните служби. Полицајците и војниците носат скинати униформи.

СДСМ е на прав пат за во опозиција. Предвремени избори час поскоро. Граѓаните ќе му го покажат патот на СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ