ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е крајно неодговорна

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираа на изјавата на Марјанчо Николов од СДСМ кој кажа дека македонската економија e во состојба на неликвидност. Во соопштението се вика дека СДСМ е единствената опозиција која ја злоупотребува европската должничка криза за сопствен политички маркетинг, покажувајќи крајна неодговорност и желба за ситно профитерство.

„Но тоа нема да ја поколеба Владата на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со позитивните мерки со кои директно се помага на стопанството. Нападите од СДСМ доаѓаат токму во деновите кога сто милиони евра обезбедени од Европската инвестициска банка се ставаат на располагање на компаниите.

Тоа ќе бидат вкупно 250 милиони евра заедно со оние 150 милиони евра што се користеа во претходните две години. Парите се со субвенционирана камата која нема да биде повисока од 5,5 проценти. СДСМ во сите години додека беше на власт не обезбеди ниту 10 %од сумата која сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја дава за подршка на стопанството.

Каматата е субвенционирана од страна на државата затоа што сметаме дека во време на европска должничка криза и тешка рецесија во Европа треба да им се помага на македонските компании и затоа одвојуваме средства од Буџетот. Претходните 150 илиони евра ги искористија 712 компании во РМ.

Исто така за реализација на капиталните инвестиции во ребалансот на буџетот, во година на Светска и Европска должничка криза се предвидени на историски највисоко ниво од 21,5 милијарда денари, односно 350 милиони евра.

Ова се конкретни бројки и податоци. СДСМ овие бројки и поддршка неодалеку не ја озвоможуваше во годините кога беше на власт, период кога немаше криза и период кога сите држави од регионот грабеа напред“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ