ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да распише предвремени парламентарни избори најдоцна до недела

Од:

СДСМ да престане да бега од граѓаните и да распише предвремени парламентарни избори најдоцна до недела, побраа преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија не смее повеќе да тоне само за да може Заев и картелот околу него да нижат милионски профити.

Секојдневниот криминал на улиците, запалените автомобили, грабежите и убиствата се резултат на неспобноста и криминогеноста на власта.

СДСМ нема капацитет да обезбеди јавен ред и мир и затоа граѓаните се постојано исплашени. Улиците не се сигурни. Криминалот станува пракса, а власта ништо не презема. Ова не може да продолжи. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава која може да ја гарантира нивната безбедност и безбедноста на нивниот имот. Со СДСМ на власт тоа не е можно.

Оваа власт целосно го деградираше правото и правната држава. Тоа се гледа и по уништеното судство и обвинителство, кои не одлучуваат согласно закон и устав, туку согласно диктатите на власта.

Држава во која полицијата не процесуира ниту еден случај на криминал, а обвинителството и судството се само политичка алатка на власта не може да оди напред“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски