ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане со закани да ги тера граѓаните да учествуваат на протестот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение реагира, како што посочуваат од партијата, на притисоците кои членови и активисти на СДСМ ги прават кон граѓаните кои не сакаат и одбиваат да учествуваат на најавениот насилен протест на опозицијата во Скопје.

– До ВМРО-ДПМНЕ стигнаа информации дека поранешни директори и функционери на СДСМ по список се закануваат на сите вработени во државната и јавна администрација, посебно до оние кои се вработени во периодот на владеење на нивната партија, дека доколку не се појават на насилните протести на СДСМ, ќе бидат избркани од работа веднаш по доаѓањето на СДСМ на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата повторуваат дека нема да дозволат со закани, насилство, притисоци и уцени да се спроведува, како што велат, погубното сценарио за Македонија.

– Им упатуваме јасна порака на сите граѓани кои добиле вакви и слични закани воопшто да не се грижат. Ниту СДСМ ќе дојде на власт, ниту нивните членови ќе може да си ги остварат заканите. Како и многу пати до сега, ќе бидат збунети и попарени од фактот дека за нивната политика граѓаните на Македонија не даваат поддршка, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ, се додава, води евиденција за сите вакви случаи и ќе побара од државните институции да постапат како по предмети за нарушување на основните човекови политички права.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски