ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да предложи претседател на експертската комисија и таа да одлучува консензуално

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од СДСМ да предложи претседател на експертската комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември и, во духот на конструктивноста, предлага комисијата да одлучува консензуално.

– Со оглед на фактот дека подолго време нема успех во постапката за формирање на комисијата, ние денеска јавно на СДСМ му го предлагаме следното. СДСМ да предложи претседател на експертската комисија за утврдување на фактите кои ние би го прифатиле, но, во духот на конструктивноста предлагаме комисијата да одлучува консензуално. Ваквиот формат, во кој опозицијата би имала мнозинство во комисијата, а истовремено комисијата би одлучувала консензуално гарантира дека комисијата во исто време ќе работи и динамично, но и одговорно и разумно, при што во својата работа пред се ќе ги има приоритетите за утврдување на фактите за настаните од 24 декември, во и пред Собранието, но и за настаните кои предходеа, изјави Илија Димовски, член на ИК на партијата и пратеник.

Наша проценка е, рече тој, дека овој предлог е чекор напред за формирање на комисијата и очекуваме СДСМ да го прифати за да се направи чекор напред кон исполнување на обврските кои двете партии ги имаат.

Според Димовски, во досегашните разговори за експертската комисија ВМРО-ДПМНЕ била сериозно посветена и проактивна.

– Доставивме пет предлози за претседател на оваа комисија, прифативме два предлози кои доаѓаа од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и прифативме еден предлог за претседател на комисијата предложен од страна на СДСМ, рече Димовски, кој побара заради договорот помеѓу партиите да не се споменуваат имиња.

Во исто време ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави тој, во повеќе наврати, предлагаше и други форми и формати на формирање, функционирање и одлучување во самата комисија, за кои партијата ценела дека ќе помогнат во постапката за побрзо формирање на експертската комисија.

– Исто така би сакал да потсетам дека на 15 март оваа година, ВМРО-ДПМНЕ иницираше потпишување на Меморандум меѓу политичките партии за исполнување на стратешката цел за членство на Република Македонија во ЕУ, рече Димовски.

Многуте предлози кои доаѓале од ВМРО-ДПМНЕ, според него, не биле прифатени од СДСМ. – Затоа денеска јавно и во знак на конструктивност му предлагаме на СДСМ да го предложи претседателот на комисијата, а комисијата во својата работа да работи консензуално. Цениме дека овој предлог е разумен и дека ќе гарантира придвижување на обврските кои како партии ги имаме, изјави Димовски.

Би можело да ве интересира

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски