ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да објави ако воопшто нешто има

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го повикува раководството на СДСМ „да објави во јавноста доколку воопшто нешто има“.

– Свесни дека и денес како и веќе два месеца наназад, некој од опозицијата ќе излезе да се сили со бомби, да се храбри, да се удира во гради со разни неартикулирани напади врз нашата партија, ВМРО-ДПМНЕ овојпат превентивно го повикува раководството на СДСМ, трет пат во последните две недели, слободно да објави што има, доколку воопшто нешто има, наместо верглања во место како што практикуваат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, единствени два збора кои постојано ги слушаме од СДСМ се бомба и стратегија.

– Поучени од искуството досега и начинот како функционираат, знаеме дека ќе реагираат дека сме нервозни, но јавноста гледа дека денес единствено СДСМ е нервозна откако почнавме јавно да ги повикуваме да излезат со наводните докази. Веројатно и денес ќе кажат дека ќе објават согласно нивната стратегија. Но површноста, инаетот, манипулациите и празното силење и да се наречат стратегија никогаш нема да се стратегија, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?