ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не ја замајува јавноста и да се откаже од платформата

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираа на прес конференцијата на Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

„СДСМ ја потценува интелегенцијата на граѓаните.

Изборната програма на СДСМ беше поразена. Граѓаните јасно покажаа дека не веруваат на таа програма.

СДСМ денес се обидува да ја замајува јавноста само за да ја покрие антидржавната и антинационална политика на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Да го покрие прифаќањето на Тиранската Платформа која ќе значи редефинирање на Македонија во бинационална држава.

Граѓаните очекуваат СДСМ и Зоран Заев јасно и гласно да се откажат од Тиранската Платформа, и доколку тоа го направат ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка Заев да формира и да води Влада, ќе гласа закони кои таа влада ќе ги подготви, па дури и ќе даде поддршка на проекти кои СДСМ ги предвидува, колку и да се тие нереални и креирани со намера да ги манипулираат граѓаните.

Впрочем СДСМ кога имаше можност да направи нешто за граѓаните, тогаш од нив направи социјални случаи. Затвори 684 фабрики, отпушти 200 илјади работници, невработеноста ја качи на речиси 39%, а социјалните категории граѓани ги намалуваше не со реална помош туку со нивно бришење од евиденцијата.

ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми социјалната парична помош во просек од над 60% во споредба со 2006-та година. Исто така и постојаната парична помош беше зголемена за над 60%. За граѓаните од ранливите категории беше извршен еднократен отпис на долгови со што беше отпишан долг од речиси 1,8 милијадри денари. За семејствата корисници на социјална помош секој месец се даваат неповратни финансиски средства од 800 денари за субвенционирање на потрошувачката на електрична енергија. Над 1.600 лица од социјално загрозени семејства беа вработени во јавната администрација, а преку големиот број активни мерки се отворија 170 илјади други работни места, што значат директна егзистенција на нивните семејства.

Еве ова се реални мерки кои граѓаните ги почувствуваа и затоа на последните избори дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, со цел успешните политики да продолжат.

Но повторуваме, граѓаните денес од СДСМ и Зоран Заев очекуваат јасно, гласно и недвосмислено да се откаже од Тиранската Платформа, бидејќи за тоа не гласаа на избори, а тоа е темата која денес Зоран Заев ја дебатира и отвора, која може да донесе несогледливи последици за Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски