ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не ги крати правата на вработените со закон загарантирани

Од:

„СДСМ не смее да ги крати правата на вработените кои им се со закон загарантирани.

Вработените во администрацијата кои го стекнале правото на додаток на плата за степен на кариера до 12.02.2018 имаат статус на веќе стекнато право и имаат право на додаток кој може да го остварат со тужба.

СДСМ не смее да ги доведува во заблуда вработените. Вработените во администрацијата да не ги потпишуваат овие спогодби, бидејќи не ги гарантираат нивните права.

Спогодбите со кои СДСМ ги изнудува административците се ништовни по сила на закон и не поризведуваат никакво правно дејство. Ваквите спогодби не ги обврзуваат потпишаните страни, односно властите не се обврзани да го исполнат предметот на договорот. Овие спогодби само ќе ги спречат вработените во администрацијата да ги остварат своите побарувања на суд.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува граѓаните кои имаат право на додаток на плата за степен на кариера исто тоа свое право да го остварат и да не потпаѓаат под притисокот на властите.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека сите кои што ќе извршат противправни дејствија врз вработените и ќе предизвикаат материјална штета која подоцна ќе произлезе од таквите дејствија ќе одговараат согласно закон“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ и МИОА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски