А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бара укинување позитивни проекти

by А1он07/07/2016 - 16:2280
Share0

Ставот на пратеничката група на СДСМ во врска законските измени кои се однесуваат на екстерното тестирање, за ВМРО-ДПМНЕ е резултат на нивната немоќ и недостаток на идеи, поради што, како што посочуваат, партијата посегнува по укинување и блокирање позитивни проекти и реформи.

Добивај вести на вибер

– Пратениците од СДСМ наместо да дојдат на работа и да учестуваат во работата на Собранието и преку корисни дискусии и дебати заедно да ги решаваме проблемите на граѓаните и да ги подобруваме постоечките законски решенија, денес тие повторно прочитаа празно соопштение напишано од Заев и Шекеринска во врска со новините за процесот на екстерното тестирање. Провидно, несериозно и веќе познато губитничко сценарио на СДСМ од кое трпат само граѓаните на Репбулика Македонија, се вели во реакцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција на пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ.

Во неа се додава дека како Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ цврсто стојат зад проектот „Екстерно оценување“ бидејќи, како што се истакнува во реакцијата, силно веруваат дека тоа значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот на основното и средното образование, како и за објективно и реално отсликување и оценување на знаењето кое го стекнале учениците во основните и средните училишта.

– Со измените и дополнувањата на двата закони се воведува дополнителен додаток во кој што ќе се наоѓаат резултатите од екстерното оценување и истите нема да влијаат врз општиот успех на ученикот. Истовремено, се врши промена на започнување на процесот на екстерното оценување кое што наместо од 4-то, ќе започне од 6-то одделение. Се воведува новина со која што ќе се овозможи на Државниот испитен центар да воведе апликација со пробни тестови преку кои учениците ќе може да вежбаат и да се подготвуваат за екстерното оценување. Исто така, со овие измени се предвидуваат и парични награди во износ од 50%, 40% и 30% од просечната нето плата во Македонија за ученици кои што ќе освојат некое од првите три места на меѓународни натпревари, но и за наставниците кои што ги подготвувале учениците за натпреварот, се вели во реакцијата.

Токму затоа, се додава во неа, ние како пратеници ќе продолжиме да се бориме за реализација и спроведуваање на овој проект бидејќи токму објективноста во оценувањето на учениците од страна на професорите беше и сеуште претставува голем проблем во образовниот процес.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен