ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бара средба за анкетната, која веќе беше закажана

Од:

Барањето на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски до претседателот Ѓорге Иванов за иницијатива за формирање комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието, според ВМРО-ДПМНЕ е задоцнето затоа што претходно од претседателскиот кабинет имало покана за двете партии за заедничка средба која се одржа денеска.

ВМРО-ДПМНЕ е непријатно изненадена од односот на СДСМ на оваа иницијатива на претседателот Иванов. Имено, откако веќе бевме поканети како партии и ние и СДСМ, претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, упатил писмо до претседателот Иванов со кое соопштува дека сè уште чекаат иницијатива за формирање на комисијата, се наведува во соопштението од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Партискиот генерален секретар Кирил Божиновски присуствувал на средбата, но според ВМРО-ДПМНЕ, за жал, СДСМ преку нивниот претставник на оваа средба, генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров, покажал неспремност да ги соопшти нивните предлози за членови на оваа Комисија.

ВМРО информира дека на средбата кај шефот на државата, партијата иницирала и предложила текст на Меморандум меѓу политичките партии за исполнување на стратешката цел за членство на Република Македонија во ЕУ.

Овој Меморандум би требало да го потпишат политичките партии во Република Македонија, а со него би се обврзале континуирано да ги спроведуваат сите активности и реформи за исполнување на критериумите за членство во ЕУ и ќе се воздржат од дејства и активности кои може да го попречат или негативно да влијаат на пристапниот процес, соопшти владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

СДСМ: Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски