А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС врши рушење на системот преку непочитување на законските одредби

by А1он27/07/2017 - 14:2552
Share0

„Антиреформската влада на СДС од ден во ден ја покажува својата неспособност и неодговорност.

Добивај вести на вибер

СДС продолжува да ги полни институциите со партиски кадри и прави грубо кршење на законот. Според информациите кои ги добивме од медиумите во министерството за економија за државен секретар е поставен Зоран Павловски од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и стратешко планирање во Општина Куманово, а не од вработените во министерството, со што беше прекршен законот за административни службеници.

Ист ваков случај имаше и пред неколку денови кога во министерството за здравство беше именуван за државен секретар Владимир Милошев претходно вработен во клиничката болница во Штип, а не во Министерството и исто така во тој случај беше прекршен законот за администрација.

Два случаи на незаконско именување за создавање на хаос и неизвесност.

Согласно законот односно Членот 23 став 6 јасно вели вели дека Секретарот од ставот (1) алинеја 1 на овој член од редот на административните службеници од категоријата Б, односно од редот на раководните вработени го назначува министерот и истиот треба да ги исполнува посебните услови за работното место за нивото Б4 на раководни административни службеници.

Според законот за административни службеници членот 101 став 2 Глоба за раководното лице на институцијата за прекршување на овој законот изнесува 7.500 до 15.000 евра.

Ова преставува класично непочитување на законите и за тоа некој еден ден ќе сноси санкција. Ова е класично рушење на институциите во Македонија. Да биде иронијата поголема денес случајот со именувањето на државниот секретар во Економија се врши пред носот на Агенцијата за државни службеници. Тие со министерството за економија делат еден ист објект, ама абер немаат да реагираат на ваквите груби кршења на законот со што се загрозува функционирањето на администрацијата.

Почитувани, ова не е само партизирање на институциите. СДС врши рушење на системот преку не почитување на законските одредби. Тоа не е само штета за институциите, нивното нормално функционирање, туку преставува и директна штета на државата и пред се на граѓаните. Со овие кадровски решенија СДС го доведува во прашање нормалното функционирање на администрацијата во министерствата и спроведувањето на нивната основна должност да бидат сервис на граѓаните и да одговараат на нивните потреби и барања.

За сите вакви незаконски однесувања и кршење на законите одговорност ќе има за секој вклучен и за секој засегнат“, изјави Димче Арсовски, Потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен