ВМРО-ДПМНЕ: СДС ветуваше дека нема да казнува пред опомена, а денес затвора култни угостителски локали

Од:

„СДС повторно вети и излажа.

Во предизборната програма СДС ветуваше дека нема да казнува пред да биде изречена опомена, а денес гледаме како затвора култни угостителски локали.

СДС во предизборната програма лажеше дека инспекциите нема да се користат за репресија и политички притисоци, а денес гледаме затворени угостителски локали само затоа што го промовирале логото на општината во која се наоѓаат, преку шеќерчињата што ги служат.

Причината за партиските инспекции и затворањето на бизнисите е што СДС е исплашен бидејќи ја нема довербата и поддршката кај граѓаните во Аеродром. Рејтингот на СДС се повеќе и повеќе тоне преку ваквите непромислени потези.

СДС си го покажаа вистинското лице. Начинот на владеење на СДС е преку репресии, политички притисоци, казни и заплашувања.

СДС веднаш да прекинат со заплашувањата кон граѓаните и притисоците врз бизнис секторот. Граѓаните и бизнис заедницата се недолжни да ги трпат притисоците од страна на СДС. Граѓаните не смеат да живеат во страв.

Затоа, на 15-ти октомври, граѓаните ќе им стават крај и ќе гласаат против заканите, заплашувањата, притисоците, односно против погубните политики на СДС“, изјави Филип Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната