ВМРО-ДПМНЕ: СДС со мрежа за фалсификување документи и лажни вести водена од Асаф Еисин влегува во сериозен криминал за кој ќе одговараат

Од:

СДС со мрежа за фалсификување документи и лажни вести водена од Асаф Еисин влегува во сериозен криминал за кој ќе одговараат. СДС се спушти толку ниско, што во отсуство на понуда за граѓаните во пресрет на изборите, тие креираат лажни вести и фалсификуваат документи. Ваквите фабрикации ги прави Асаф Еисин, израелски мешетар, кој своите услуги за фалсификување ги нудеше и во ВМРО-ДПМНЕ, при што беше веднаш избркан од претседателот Мицкоски, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДС и Ковачевски ги прифатиле неговите услуги, и во недостаток на понуда прибегнаа кон црна кампања базирана на измислици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС треба да каже како го плаќаат Асаф Еисин, дали е платен во кеш, и дали таквите пари се стекнати со матните тендери во РЕК? Во прес конференција во текот на денот ќе објавиме како оди шемата за лажни вести и фалсификување на документи. Врвот на СДС со Ковачевски и Зечевиќ е влезен длабоко во криминал, и за тој криминал ќе одговараат, и тие и Асаф Еисин, веднаш по изборите. Народот ќе си ја врати државата, без разлика на измислиците на СДС и мешетарите кои ги плаќаат со народни пари, украдени од тендери. Македонија ќе биде повторно на граѓаните. Промените се во рацете на народот – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер