ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години ништо не направи за загадувањето

Од:

СДС 7 години буквално ништо не направи во однос на загадувањето. Доколку изминатите 7 години СДС имаше барем една мерка против загадувањето до ваква ситуација можеби и немаше да дојде. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сеопфатна стратегија која на долг рок ќе даде резултати. ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на спречување на загадувањето на воздухот во државата, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мeѓу најголемите проблеми со загадувањето е начинот на коишто се затоплуваат домовите каде сеуште се користат дрва и се останато како паркет, стар мебел и тн. Тоа се 60 проценти од причините зошто имаме загадување и тоа не се решава преку ноќ бидејќи во изминатите години ништо не е направено.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во потрага по партнери коишто на основа на пазарни услови, заеднички со владата, ќе вложат во систем на затоплување на домовите кој ќе биде на резултат на согорување на природен гас. Односно когенеративни централи коишто ќе произведуваат и електрична енергија и гас.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има во план да направи неколку такви централи и на тој начин за 60% ќе биде намалено загадувањето.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи да направи еколошки, конкурентен и стабилен енергетски систем кој се темели на принципите на сигурност ефикасност и одржливост со што ќе се подобри квалитетот на воздухот.

A што прави СДС? СДС наместо да освести по дебаклот го враќа Јани Макрадули кој кон крајот на 2017 година кога беше заменик министер за екологија, си протестираше сам против себе или како функционер протестираше против владата од која беше дел. Тоа време заврши! ВМРО-ДПМНЕ има план и стартува со негова реализација“, истакнуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?

Горан Наумовски