ВМРО-ДПМНЕ: СДС се противат на проектот за топлификација бидејќи е на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ со кое што тие реагираа на изјавата на Христијан Мицковски.

„Се чудиме на веселата математика на СДС. И во лажењето немаат мерка: како е можно 11 години Христијан Мицковски да распишувал тендери, како што велат во нивното соопштение, ако се знае дека тој е директор на ЕЛЕМ не цела година.

Ги молиме да објаснат како ги пресметаа годините, или пак се помешаа со некоја лага од друго соопштение?

СДС е единствената партија која се противи на топлификација, проект кој е од бенифит за над 100.000 граѓани.

Значи спремни се да казнат 100.000 граѓани, само за да не се реализираат проекти на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис