ВМРО-ДПМНЕ: СДС се пресметува со искрените патриоти и родољуби

Од:

„Одлуката на судот со која се потврдуваат притворите за пратениците е срамна и доказ за политички прогон на политичките неистомисленици на власта.

Најавата за меѓународна истргага за терористите од Диво Насеље, кои убија 8 припадници на макеоднската полиција во момент кога се обвинуваат за тероризам актери, уметници и режисери е срамна.

Хунтата врши политички прогон. Секој политички неистомисленик е ставен на тапет на институциите под контрола на власта. СДС како во времето на комунизмот се пресметува со искрените патриоти и родољуби.

Десетици граѓани, меѓу кои актери, режисери, уметници и полицајци без никаков основ се ставени во притвор, во целосно монтиран случај. На удар е секој кој си ја сака државата. Искрените патриоти се обвинуваат и се ставаат во затвор, а од затвор се пуштаат убијци и се подготвува закон за амнестија за стотина криминалци, сторители на тешки кривични дела.

Владеењето на правото повеќе не е основен принцип по кој се водат институциите и правосудните органи. Целосно политизираните институции и заробеното правосудство се под постојан притисок на хунтата. Обвинителството конструира случаи по нарачка на хунтата, а судството под притисок ги процесуира.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ова незаконие кога тогаш ќе биде казнето. Сите чинители во овој процес на уништување на државата, правниот систем и уставниот поредок ќе одговараат пред законот, за сиот криминал кој безприговорно го извршуваат.

Ова кршење на законот, изживување врз недолжни луѓе и газење на демократијата, ќе остане запаметено во македонската и светска историја како насилничко владеење на една хунта која ја зароби Република Македонија и нејзините институции, во 21 век, во срцето на Европа.

Меѓународните организации не смеат да останат нем набљудувач на уништувањето на цела една држава и нејзиниот правен систем.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата