ВМРО-ДПМНЕ: СДС се обидува да го штити Груби

Од:

СДС и Филипче месец дена се препелкаат во сопствените лаги за криминалот на Груби и ДУИ во нивен мандат. СДС месец дена не се извинува и се обидува да го штити Груби. СДС и Филипче ги манипулираат граѓаните и дефокусираат, иако целата јавност знае дека тие се оние кои му овозможија на Груби да го спроведува својот криминален поход врз државните ресурси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС, не само што знаеја за криминалот на Груби, туку свесно го толерираа водејќи се од единствениот нивни приоритет, а тоа е останување на власт. Обидот на СДС со декларативни изјави и формално оградување од ДУИ се неубедливи и провидни, бидејќи народот знае дека зад секоја криминална активност на Груби стоела премолчана поддршка од СДС. СДС се наоѓа на крстопат и ако сакаат да покажат капацитет за внатрешни реформи, неопходно е јавно да се извинат за криминалот на Груби, во спротивно ќе докажат само дека се уште го штитат“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски