ВМРО-ДПМНЕ: СДС по втор пат го понижи и деградира Собранието на Република Македонија

Од:

„Зборот на СДС нема вредност.

Во вода паднаа најавите за транспарентност и отчетност на СДС и коалициските партнери од новото собраниско мнозинство.

СДС по втор пат го понижи и деградира Собранието на Република Македонија за само месец дена.

СДС го погази Уставот, Деловникот за работа на Собранието и Закон за Собрание при обидот насилно и нелегално да го изберат Талат Џафери за претседател.

СДС сега срамно закажа седница за избор на влада за само еден ден. Тоа претставува недемократски чин кон јавноста и кон Собранието на Република Македонија.

Изминативе 16 години, во Република Македонија се воспостави една демократска пракса каде се оставало простор од минимум 12 дена помеѓу доставувањето на предлогот за избор на влада и закажување на собраниската седница. Ова е простор за јавна дебата и сериозна анализа на владината програма и предложените кандидати за министри. Ова е простор за подготовка на квалитетна дискусија.

Како по обичај СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев оваа демократска пракса ја погазија и одлучија да се закаже седница за само еден ден.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев одлучи да ја сокрие програмата и биографиите од предложените кандидати за министри од анализа и разгледување од страна на јавноста, парламентарната опозиција, стручната фела и новинарите.

Што толку аболицираниот Зоран Заев сака да сокрие од македонската јавност пред која треба да даде отчет?

Зар толку држат ветувањата на СДС?

По сево ова е јасно е дека оваа Влада не е реформска туку антиреформска.

Граѓаните на Република Македонија уште еднаш го видоа вистинското лице на СДС. Тоа е лицето кое ветува најмногу 20 министри, а предлага владин кабинет од 26 функционери. Ниедна лага не трае вечно“, се вели во соопштението на ВМО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?