ВМРО-ДПМНЕ: СДС паушално се расфрла со ветувања, а не реализирале ниту еден проект

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Мила Царовска од СДСМ.

„СДС имаше неколку шанси да реализира проекти за граѓаните од областа на социјалата, вклучително и кога Фросина Ременски беше министер за труд и социјала, но за жал тие само водеа гола политика и не спроведоа ниту еден проект.

Ваквите ветувања кои што паушално ги расфрла СДС се редовна пракса за политичка партија која што не реализирала ниту еден проект во своето владеење. Очигледно е дека водат политика на лажно душегрижништво на маката на граѓаните.

СДС е партија која народот ја памети единствено по уништувањето на македонската економија за сметка на личниот интерес на нивната врхушка. Олигарсите на СДС затворија над 684 фабрики и оставија над 200.000 граѓани на работ на егзистенцијата.

Во време на владеењето на СДС невработеноста достигна високи 38%, благодарение на нивните лични интереси и погубните политики кои ги спроведуваа. Граѓаните единствено ја паметат СДС по празните ветувања, кои останаа синоним за уништување на државата и просперитетот на граѓаните.

СДС со својата деструктивност и лажни ветувања ја носи државата неколку пати до работ на бездната. СДС ја направи Македонија лидер во сиромаштијата, не водејќи никаква грижа за своите граѓани. Нивното анти државничко делување ќе остане во аналите на историјата како црна дамка со која ќе се срамат сите идни генерации.

За таа цел изминативе години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ преку политиките за социјална заштита отворени се 32 дневни центри, го зголемивме износот на посебниот додаток на самохрани родители на дете со пречки во развој за 50%, воведовме посебен додаток за сите деца со Даунов синдром, реализиравме постепена деинституционализација на лица со попреченост во менталниот развој, отворени се нови инклузивни игралишта и реализирани се многу други проекти.

Преку успешните политики за вработување кои ги спроведуваме, активните мерки за вработување на млади лица до 29 години, оперативните планови за самовработување, грантовите за иновативни бизниси, проектите Македонија вработува и Македонија вработува 2, поволностите за отворање нови бизниси, политиките на привлекување на странски инвестиции невработеноста се намали од рекордните 38% на 23.7%, односно се вработија над 160.000 граѓани.

СДС со својата деструктивна и лажна душегрижничка политика манипулирајќи ги граѓаните, покажува дека воопшто не им е грижа за граѓаните, туку само им е грижа да дојдат на власт по секоја цена за да остварат нивни лични интереси кои воопшто не се во насока на потребите на граѓаните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито