ВМРО-ДПМНЕ: СДС од опозиција глуми лажна грижа за граѓаните и економијата

Од:

Да не се грижи СДС, Македонија се движи во правилна насока и опустошената економија која ја оставија, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план и програма како да ја развие. СДС од опозиција глуми лажна грижа за граѓаните и економија. Имаа седум години да ја развиваат Македонија и да зголемат економскиот. Но наместо тоа, оставија урнисана економија, девастирани институции, празен буџет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ на власт презема конкретни мерки за заживување на економија и за зголемување на животниот стандард на граѓаните. За само два месеци влада, ВМРО-ДПМНЕ донесе четири странски инвестиции, од кои само една е во вредност од над 500 милиони долари, и нови над 1500 вработувања. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го зголеми пензиите за 5000 денари линеарно покачување за сите пензионери, следи зголемување на платите на просветните работници кое до крајот на мандатот ќе достигне 46%. Над четири милијарди евра само во прва фаза ќе бидат доделени на сите општини за реализација на капитални и инфраструктурни проекти кои што директно ќе влијаат на заживување на економијата и стопанството и со тоа ќе се овозможи рамномерен економски развој, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“