ВМРО-ДПМНЕ: СДС ниту има капацитет, ниту пак ќе направи нешто во корист на социјалните работници

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на Мила Царовска од СДСМ.

„Срамно и крајно лицемерно е СДС да зборува за социјална заштита и грижа за функционирањето на социјалните работници, кога во периодите додека беа на власт со прст не мрднуваа за подобрување на системот на социјална заштита во Република Македонија.

СДС ниту има капацитет, ниту пак ќе направи нешто во корист на социјалните работници и социјалната заштита.

СДС само сака медиумски да го сврти вниманието на јавноста од распродажбата на државните и националните интереси на Македонија од страна на нивниот лидер, Зоран Заев и целата криминогена врхушка во врвот на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период реализираше многу проекти со кои се подобри системот на социјална заштита, кој во 2006 го наследивме во хаотична состојба. Проектот „Отворени денови за социјална заштита во рурални средини“, овозможи превенирање и рано откривање на изложеноста на социјален ризик на лица во руралните средини, како и навремена интервенција од страна на центрите за социјална работа.

ВМРО-ДПМНЕ обезбеди сите центрите за социјална работа во државата да имаат соодветен кадар и функционални стручни тимови.

СДС наместо да држи прес-конференции за дефокус на јавноста треба час поскоро да овозможи одржување на локални избори кои не само што се редовни, туку и се неопходни на Македонија и нејзиното нормално функционирање.

СДС треба да го слушне гласот на народот и наместо прес-конференции за дефокус на јавноста заедно со локалните избори да распише и предвремени парламентарни избори, како директно ќе слушнат што мислат граѓаните за нивната намера за разнебитување на државата, кое се обидоа да го дефокусираат под превезот за живот“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито