ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да се плаши од нашите постигнувања

Од:

„Се што е добро за граѓаните, не чини за СДС.

Колку побргу СДС сфати дека е власт, а не опозиција, толку подобро и за граѓаните и за државата.

Позитивните резултати треба да бидат поздравени и признаени. Само така ќе може да се направи исчекор напред и да се креираат нови вредности кои ќе го подобрат стандардот на граѓаните.

СДС не треба да се плаши од постигнувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Тие треба да бидат дополнителен мотив за новата влада.

Граѓаните од СДС не очекуваат негација, деструкција и манипулација. Граѓаните очекуваат исполнување на дадените ветувања за стотици илјади нови вработувања, раст на БДП од 5%, просечна плата од 30000 денари, а најниска од 16000 денари.

Докторите очекуваат 100 000 денари плата, а не треба да се заборават и ветувањата за изградба на нови 500 километеи автопат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела