ВМРО-ДПМНЕ: СДС не се тие кои треба да ги даваат адресите за партизација

Од:

СДС не се тие кои треба да ги даваат адресите за партизација. СДС кои седум години власт, единствено што направија за Македонија е што ги партизираа сите институции и пори во општеството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС се тие кои дури и судиите ги бираа во Струмица и Зајас, седиштата на Заев и Ахмети, и отидоа до тој степен да повиците за вработувања во институции кои се од суштинско значење за државата, ги објавуваат на нивните официјални фејсбук страни. Колку за илустрација, на фејсбук страната на СДС Арачиново во септември 2022 година беше објавено известување до членовите да се пријавуваат на огласот за вработување во АРМ.

Кај СДС ништо не се промени па дури и сега, новото раководство е само продолжена рака на Заев. Тоа и самите го потврдуваат, на пример самиот Филипче не се оградува од Заев. СДС тонат во илузии, наместо консолидирана опозиција стана партија која е под водство на марионети на Заев. СДС, партијата под водство на марионетата на Заев, Венко Филипче нека се посветат на себе, да се консолидираат и да бидат конструктивна опозиција“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито