ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

Од:

Наводите на СДС дека усвоената Резолуција е неуставна и дека ја нарушува слободата на изразување претставуваат грубо неразбирање или свесна злоупотреба на уставно-правната природа на овој акт. Резолуцијата е политички акт на Собранието, со декларативен карактер, преку кој законодавниот дом изразува став, оценува појави од јавен интерес и утврдува политички позиции. Таа не е закон, не е подзаконски акт и не создава општообврзувачки норми, ниту пак воведува забрани, санкции или ограничувања на права и слободи, велат од партијата.

– Оттука, тврдењата дека со Резолуцијата се „гуши слободата на говорот“ се правно неосновани. Слободата на изразување, гарантирана со Уставот, може да биде ограничена само со закон, под строго утврдени услови. Во конкретниот случај, не постои ниту законска интервенција, ниту правен механизам што би ја ограничил политичката активност или јавното изразување на СДС или на кој било друг политички субјект.

Резолуцијата не забранува дебата, не забранува изнесување ставови и не воведува цензура. Таа осуда на дезинформации не претставува уставно-правна санкција, туку политичка оценка, што е целосно легитимно право на Собранието.

Дополнително, уставната слобода на изразување не подразбира апсолутна слобода за ширење невистини, манипулации и намерно создавање паника кај граѓаните, особено по прашања што директно ја засегаат јавната безбедност и општествената стабилност. Политичката критика е дозволена и заштитена; дезинформациската кампања не е уставна вредност.

Апсурдно е СДС да зборува за „уривање на правниот поредок“, кога токму тие во минатото носеа одлуки и склучуваа аранжмани поврзани со мигрантски центри без транспарентност, без јавна расправа и без јасна политичка одговорност. Денес, кога преку Резолуцијата јасно се потврдува дека нема и нема да има мигрантски кампови, СДС се обидува преку Уставниот суд да ја продолжи сопствената лажна кампања.

Најавите за обраќање до меѓународни институции и „прогресивни сили“ не можат да ја сменат правната реалност:

1. Резолуцијата е уставно дозволен политички акт;

2. Резолуцијата не задира во човекови права;

3. Резолуцијата не создава правни последици по слободата на говорот.

СДС повторно избира паника наместо аргументи, политичка конструкција наместо уставно право. Вистината е едноставна и правно чиста: Резолуцијата е уставна, а лагите за мигрантски кампови се политичка манипулација, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите