ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да сноси и политичка и правна одговорност за државниот удар

Од:

„СДС ја втурна Република Македонија во длабока политичка и правна криза. СДС со обидот на нелегален начин да избере Претседател на Собранието прави опасен правен преседан кој може да прерасне во пракса.

Ваквиот преседан на криминогениот СДС отвора можност за во иднина, на незаконски начин да се повтори процедурата и така да се гласа двојазичноста, албанските банкноти, двојазичните униформи, геноцидот и сите елементи од Тиранската Платформа.

СДС брзајќи да ја реализира Тиранската Платформа изврши пуч во Собранието, ги разгневи граѓаните, директно предизвикувајќи го немилиот настан од четвртокот вечерта, со што ги стави своите и пратениците од другите партии, вклучително и на ВМРО-ДПМНЕ во голема опасност.

СДС мора да сноси и политичка и правна одговорност за државниот удар од четвртокот вечерта.

СДС треба да престане да му тера инает на сопствениот народ, бидејќи партиите се од народот и за народот, а не обратно.

Народот бара СДС да ја отфрли Тиранската Платформа.

Граѓаните на Република Македонија бараат законите и процедурите да важат за сите и никој да не се осмели истите да ги прекрши или заобиколи.

Време е СДС да го слушне гласот на народот. Време е СДС да сфати дека народот ги прочита“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела