ВМРО-ДПМНЕ: СДС лажно ветуваше пред избори, а сега ги скрати парите за градба на студентски домови

Од:

„СДС лажно ветуваше пред избори, а сега ги скрати парите за градба на студентски домови.

Со најновиот шверцерски донесен ребаланс на антиреформската влада на Заев се скратија 55 милиони денари или скоро 1 милион евра средства предвидени за изградба на студентски домови. Ова доволно говори колку им се приоритет студентите и нивниот стандард на СДС.

Заев, Богоев, Атанасов, Туфеџиќ и сите останати лицемери во СДС ветуваа подобри услови за студентите и изградба на модерен студентски град во Скопје со фитнес сали, библиотеки, читални, кино сали, ресторани, па дури и нови студенстки домови во Битола Штип и Тетово.

Да биде трагедијата поголема тие само во Штип ветуваа студенстки кампус за сместување до 300 легла и тоа до крајот на 2017 година.

Наместо нов студенстки дом до крајот на 2017 година, како што ветуваа лицемерите од СДС тие ќе ги скратат и постоечките пари кои се предвидени за реновирање и поправка на постоечките сместувачки капацитети.

Студентите како и останатите граѓани беа излажани. Неодговорната власт на Заев и СДС се задолжува и троши стотици милиони евра, а и тие средства кои беа наменети за студентите сега се пренаменуваат за други цели“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените