ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Ковачевски и Пендаровски фатени во скандалот со експертот за црна кампања Исеини- кој и со чии пари го плаќа?

Од:

Дека очајот во СДС и кај Ковачевски и Пендаровски е толку голем, говори фактот што почнале да соработуваат со странскиот експерт за црна кампања, Асаф Исеини, кој е еден од најскапите на пазарот. Немаат ништо сработено цели 7 години, па ќе пробаат да спасат колку што можат нешто со негативна кампања. Пендаровски ги призна средбите, а дали Асаф Исеини е ангажиран само од СДС, само од Пендаровски или и од СДС и Пендаровски, е најмалку важно, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Останува само да признаат и да кажат со кои пари го плаќаат човекот кој им ја смислува кампањата. Патем од она кое што го гледаме кампањата им е исклучиво насочена кон поделби и навреди упатени кон сопствениот народ, што само потврдува дека сите карти ги ставиле на тоа да сеат магла наместо да дадат отчет и понуда. СДС треба да знаат дека ако го плаќаат со црни пари странскиот стратег, тогаш прават криминал. Ако го плаќа странски субјект, тогаш повторно го прекршуваат законот, дотолку повеќе што тој странски фактор би имал свои интереси да се меша во изборите во Македонија. СДС, Ковачевски и Пендаровски нека почнат да даваат одговори. Знаеме дека во овој скандал угоре им е високо, а удолу им е длабоко, ама мора да кажат кој и на каков начин им го финансира странскиот стратег на кампањата. Времето на промени доаѓа, а по него ќе следи и времето на одговорност – нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање