ВМРО-ДПМНЕ: СДС ќе ги плаќа само луѓето на кои им должи услуга

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека е се поочигледно дека Владата и СДСМ не се грижат за граѓаните и дека го ставиле буџетот во улога на алатка за партизирање на државата.

– Со новиот буџет кратат средства за капитални инвестиции, нема зголемување на пензии и социјална помош, нема зголемување на платата за 5 проценти за вработените во администрацијата. Се кратат милиони евра за реформи во судството и полицијата, стотици милиони денари за канализации и водоводи, се кратат пари за центри за социјална работа, се кратат 1 милијарда денари за образованието, за студентски домови, за универзитети и уште десетици и десетици други проекти во интерес на граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, веќе била видлива нивната неспособност и потреба за расипништво бидејќи преку ребалансот на буџетот предвидуваат дополнителни средства за, како што велат, вдомување на партиски војници и шарени револуционери кои поседуваат партиска книшка на СДСМ, која, посочуваат, пратениците на оваа партија ја нарекуваат втора лична карта.

– Ова само најавува дека најмалку стотици милиони денари, пари на граѓаните ќе се плаќаат нивните партиски војници. Токму затоа во предложениот ребаланс на буџетот се предвидува зголемување на долгот за 150 милиони евра повеќе од планираното. Токму затоа во ребалансот на буџетот нема пари за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите. СДС ќе ги плаќа само луѓето на кои им должи услуга и кои со години ги манипулираа граѓаните во негова корист. За сето ова ќе има одговорност, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски