ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја манипулира и труе јавноста со црн пи-ар преку агенцијата Рејтинг на Спасов

Од:

Добиените милиони, тендери, и проценти на агенцијата Рејтинг на Спасов се олицетворение за тоа како функционира СДС, и зошто СДС шири лаги, дезинформации, креира лажни вести, навреди и црн пи-ар. Спасов кој во ек на владеењето на СДС и ДУИ доби 10 милионски бизнис, како и над половина милион евра тендери од разни институции водени од СДС кои изминатите години се слеаја кон агенцијата Рејтинг на Спасов сега ја има главната улога да ги одработи тие пари преку црн пи-ар, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија го имаше најлошото искуство со СДС во изминатите години кога на дело се покажа како аздисано се трошат народните пари, како се делат тендери во четири очи, како бескрупулозно се празни државната каса. Нема веќе затајување на данок, нема веќе „Евро за црквата, евро за Вицето“, нема веќе купување на златни чинии и луксузирање на државна сметка, времето на недопирливите заврши, како што заврши и времето на не наменски трошења 10-тици и 100-ци милиони евра како оние на Мила Царовска за дигитализација на училиштата, а учениците да немаат ниту книги.

СДС направи историски грабеж и ја потона земјата во криминал и корупција и токму поради стравот од одговорност сега преку агенцијата Рејтинг ја трујат и манипулираат јавноста, а Спасов си ги одработува милионските бизниси. СДС треба да се реформира, СДС треба да знае дека нема јака опозиција со вакви репрезенти и да расчисти со криминалците и бандитите во сопствените редови за кончено да биде здрава и конструктивна опозиција“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер