ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја доведе државата до раб на банкрот

Од:

СДС ја доведе државата на работ на банкрот. Трагично е што после целиот криминал и кражба од епски размери, оваа партија има дрскост да коментира состојби сосема лабаво и без да чувствува елементарна одговорност. Владата на СДС, длабоко корумпирана и криминална, ја остави државата во состојба која е од историски размери и како што самиот премиер повеќе пати истакна, одговорноста ќе дојде многу брзо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС е партија управувана од неврохирургот на кланот Заеви, во која главни се бандити, а не политичари. Нивното нечовечко и бескрупулозно однесување, без елементарна чувствителност за состојбата во која ја доведоа државата и граѓаните, е доказ за нивната неспособност и корумпираност.

Подгответе се за одговорност. Вакви плитки, необмислени инстант соопштенија, напишани од преостанатите службеници во партијата која забрзано ја напуштаат луѓе секој ден, нема да ве спасат од одговорноста која следува. Народот гледа што се случува. Народот знае дека не сте ја научиле елементарната лекција по историскиот, најголем пораз што го доживеавте на изборите. Затоа, нека не ве чуди доколку на следните избори наместо катастрофалните 180,000 гласови, имате под 100,000. Времето на СДС заврши. Оваа влада ќе ја врати правдата и одговорноста во државата, и тоа многу брзо, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски