ВМРО-ДПМНЕ: СДС им должи извинување на граѓаните чиј револт го предизвикаа

Од:

„СДС брзајќи да ја реализира Тиранската Платформа грубо го прекрши Уставот, законот и деловникот за работа на Собранието, СДС најбрутално ја силуваше волјата на граѓаните и го оневозможи правото на дискусија на нивните демократски избраници.

СДС смислено и насилно како што најавија и нивните новинарски пера и експерти спроведе перформанс кој тие го нарекуваат избор на Претседател на Собранието и со тоа се предумисла се доведоа себе си и другите пратеници и вработените во Собранието во опасност и на удар на народниот револт, кој со денови го подгреваа и неминовно го доведоа до состојба на ескалација.

СДС им должи извинување на граѓаните чиј револт смислено го предизвикаа, спроведувајќи го својот перформанс, кој тие го нарекуваат избор на Претседател на Собранието, во час во кој знаат дека има илјадници граѓани пред Собрание чие трпение со денови го тестираат и истите смислено ги провоцираат.

СДС мора да сноси политичка и правна одговорност за ситуацијата во која го доведоа Собранието и унакажувањето на демократијата во Република Македонија.

На граѓаните на Република Македонија, не им требаат поделби, насилство и туѓи платоформи, граѓаните сакаат почитување на законите, владеење на правото и програми и платоформи за економски напредок и технолошки прогрес.

Граѓаните на Република Македонија бараат законите и процедурите да важат за сите и никој да не се осмели истите да ги прекрши или заобиколи.

СДС мора да сфати дека народот не се согласува со нивната намера за тргување со највисоките државни и национални интереси. И тоа мора да го почитуваат. СДС мора да сфати дека народот си ја сака сопствената држава и не треба свесно да го подбуцнува и разгневува.

СДС мора да го слушне гласот на народот и да ги прифати нивните легитимно искажани барања за нови парламентарни избори.

Народот е на нозе!

Македонија се буди“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито