ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Таравари од македонскиот здравствен систем направија хаос и безредие

Од:

„Очигледно неодговорниот СДС е во паника поради сопствената неспособност да управува со државните институции па продолжува да ја манипулира јавноста.

Ниту една реакција не може да го побие фактот дека во здравствените установи секојдневно умираат луѓе, а Заев и Таравари воопшто не водат грижа за тоа.

Наместо од морални причини да се извинат и да се сносат со одговорноста пред граѓаните кои тоа и го очекуваат, СДС и Таравари се ставаат во својство на Заев и упорно продолжува да бега од одговорност.

СДС и Таравари од македонскиот здравствен систем направија хаос и безредие.

Граѓаните се свесни дека за неполни 100 дена на власт СДС и Заев се главен уништувач на македонскиот здравствен систем.

Неодговорниот и неспособен СДС и Заев мораат да знаат дека интересот на граѓаните е пред нивниот интерес, а граѓаните заслужуваат да имаат мирен, здрав и спокоен живот.

Граѓаните очекуваа од СДС и Заев покачување на минималната плата на 16.000 денари, просечната плата на 30.000 денари и плата за докторите од 100.000 денари, а не човечки жртви во здравствените установи.

Поради целокупната негрижа, сопствената неспособност и неодговорност Заев и СДС набрзо ќе следува политичка одговорност, а граѓаните на локалните избори на 15-ти октомври целосно ќе го делигитимираат нечовечното однесување на владата на СДС“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис