ВМРО-ДПМНЕ: СДС и понатаму се однесува како опозиција

Од:

„СДС и понатаму се однесува како опозиција, со крајно неодговорни и конфузни изјави.

Министерот на СДС, Љупчо Николовски со денови се крие и ги одбегнува овоштарите кои се соочуваат со реални проблеми. Николовски го нема да се појави во Росоман каде што состојбата со производството на праски е алармантна, исто како и со речиси целокупното овоштарство во Македонија.

Земјоделците се соочуваат со огромни штети заради временските неприлики, а засега нема никакви најави за нивно целосно обесштетување.

Владата на СДС покажа колку не го цени земјоделството и трудот на земјоделците. Владата на СДС покажа дека е глува на апелите за помош кои доаѓаа директно од земјоделците и нивните здруженија.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога земјоделците се соочувале со слични непогоди излегувала во пресрет и штетите ги покривала 100%.

Оттука бараме министерот за земјоделие Љупчо Николовски да побара итна и вонредна владина седница со точка на дневен ред, 100% обесштетување на овоштарите чиј род настрада од временските непогоди и дополнителна поддршка за да може да ја преживеат годината.

Го повикуваме министерот Николовски да ги посети и земјоделците во Росоман, а не само земјоделците во Арачиново, бидејќи штетите се огромни и последиците кои следат од ненавремената помош може да бидат катастрофални по целокупното нивно производство.

СДС во текот на кампањата им ветуваше на земјоделците дека ќе им биде поддршка, а гледаме дека после влегувањето во своите кабинети, веднаш ги заборавија.

Очекуваме дека ветувањата на СДС за земјоделството нема да останат мртво слово на хартија и една голема лага. Земјоделството е значајна гранка во македонското стопанство. Околу 150 илјади граѓани во Македонија живеат од земјоделството.

Земјоделците нема да дозволат да бидат изманипулирани и нема да дозволат СДС да ги превесла со лажни ветувања, од типот 100.000 денари плата за докторите, 30.000 денари просечна плата, 16.000 денари минимална плата и слично.

За земјоделските производители, ова се единствени приходи за нивните деца и целокупните нивни семејства и ваква негрижа и несериозност од страна на владата ќе значи носење на работ на егзистенција на истите“, изјави Ромео Тренов.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците