ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски стануваат малцински партнер во својата влада

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Собранието оддржа координативна средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, на која е разговарано за реконструкцијата на владата која е предложена во Собранието на Република Македонија.

На координацијата, како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, било заклучено дека кадровските решенија за владиниот состав се резултат на „Пазар 3” коалицијата каде, како што велат, примарен интерес не е напредокот на државата, туку бизнис интересите и личните кадровски амбиции.

-Самите решенија кои се предложени укажуваат на тоа дека со владата управува ДУИ и Ахмети, а Ковачевски е слуга на неговите интереси. Додека Ахмети и ДУИ ја топи и обезвреднува албанската опозиција, Ковачевски и СДС го плаќаат ваквиот план на Ахмети, се наведува во партриското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, овој владин состав нема да донесе ниту реформи, ниту напредок, туку криминал, матни тендери и продлабочување на кризата.

-СДС и Ковачевски стануваат малцински партнер во својата влада, само за да им продолжи криминалот тие гласаат се што Ахмети ќе им предложи. Доколку помине оваа реконструкција, Алијанса многу бргу ќе ја дочека судбината на Алтернатива, а Таравари за неколку месеци ќе сфати дека бил злоупотребен и дека трампал тендери за крај на неговата партија и кариера, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот за реконструкција на Владата, чиј кабинет се проширува со кадри од Алијанса за Албанците (АА), а се намалува со тие од „Алтернатива“, денеска е на дневен ред на 104. седница на Собранието. На седницата закажана за попладне во 15 часот ќе се расправа и одлучува за избор на четворица нови министри и петмина заменици министри, по одлуката за влез на АА во владиното мнозинство.

Во пресрет на денешната седница, „Алтернатива“ синоќа ја соопшти одлуката на Централното претседателство дека ќе делува како опозиција, а претходно во петокот премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на АА Арбен Таравари ги заокружија преговорите за соработка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски