ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ молчат за огласот за вработување на 100 партиски војници во УЈП

Од:

Нема криза за Владата на Ковачевски и ДУИ кога станува збор за партиски вработувања. СДС сеуште молчи за огласот, со кој се предвидува вработување на нови 100 партиски војници во УЈП и Министерство за финансии, по партиска директива во УЈП, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека „во исто време кога инфлацијата е на највисоко ниво во историјата на државата, кога граѓаните не можат крај со крај да врзат, кога нема пари за земјоделците, кога на студентите им се скратени основните потреби, кога пациентите секој ден јавно молат за своите лекови, ќе се зајакнува партиската војска на СДС во администрацијата“.

„Еден милион евра годишно, пари на граѓаните од буџетот, вредат овие 100 нови вработувања само во УЈП. Ова е врв на лицемерната политика на владата кон сопствениот народ, кој претходно го лажеше, дека администрацијата била „обемна” и дека таа ќе се намалува. На дезертерот Димитар Ковачевски, бадијала ќе му бидат и овие нови 100 партиски војници, бидејќи од другата страна е народот, кој ќе му пресуди на следните парламентарни избори, кои ќе се случат за брзо време“ се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он