ВМРО-ДПМНЕ: СДС го турка ЕЛЕМ Турс во стечај, а во исто време отвора две фирми со иста дејност

Од:

„СДС, партијата која ја спроведе мрачната транзиција во Македонија, која остави над 300 илјади луѓе без работа, сега повторно се служи со истите средства, со цел ЕЛЕМ Турс да оди во стечај. Во исто време, отвора две фирми со иста дејност за Попова Шапка, Маврово, Дојран, Охрид и Струга“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во стилот на најлошата приватизација направена во Европа во деведесетите, СДС која што управува со државната ЕЛЕМ, се обидува изигра 100-тина доверители на ЕЛЕМ Турс, и да ги отпушти вработените, со цел партизација и приграбување на имоти на Попова Шапка, на Маврово, во Дојран, Охрид и во Струга.

Внимавајте, СДС спроведува стечај на ЕЛЕМ Турс, заради долгови и непродуктивност од 150 милиони денари, а истовремено отвора две нови фирми со иста дејност – туризам и угостителство.

Очигледно е дека СДС и по 30 години, не може да излезе од својата матрица, уништување на државни фирми, приграбување на имотите и богатење на грбот на државата и граѓаните“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела