ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која се бори за опстанок, Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ од свои лукративни причини го уништи и колабира Скопје

Од:

Единствен виновник за хаосот со јавниот превоз во Скопје е Данела Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ. Одамна е демаскирана коалицијата на Арсовска со СДС и ДУИ. Коалицијата Арсовска, СДС и ДУИ од свои лукративни причини го предизвикуваат уништувањето на Скопје. Сите кадри именувани од Арсовска се функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Арсовска е градоначалник и единствено одговорна за хаосот во Скопје. Арсовска е единица мерка за неспособност и криминал. Одамна стана јасно дека на Арсовска сите други и се криви само таа не е. Единствена работа која истата треба да ја работи е да го чисти ѓубрето од улиците и да има ефикасен јавен превоз, и овие две работи истата не може и е неспособна да ги прави.

Арсовска треба што побрзо да си даде оставка и да ги спаси Скопјани од маките во кои самата ги втурна. ВМРО-ДПМНЕ има јасен план, програма и визија за развој на општините. Град Скопје и Општините ќе добијат 250 милиони евра за инфраструктурни проекти. Никогаш претходно немало во толку голем обем вложувања секаде и за сите како сега со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден, со превземањето на општините работат на проекти и нема населено место во кое не се работи на некој нов проект. ВМРО -ДПМНЕ има поинаков пристап, ВМРО-ДПМНЕ има план и проекти, неспособноста завршува со СДС и ДУИ“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?