ВМРО-ДПМНЕ: СДС да собере храброст и да излезе на локални и предвремени парламентарни избори

Од:

„Да не се плашеше СДС од сопствениот народ, локални избори заедно со нови предвремени парламентарни избори ќе имаше во првата половина на мај.

Да не му беше на СДС поважна Тиранската Платформа и континуираното провоцирање на кризи, граѓаните ќе гласаа согласно законот на 7-ми или на 14-ти мај, односно за две недели од сега.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев одлучи дека му е поважно да формира Влада врз темелите на Тиранската Платформа, за да се спаси себеси и останатите од раководството на СДС од кривична одговорност.

Затоа Заев упорно одбива било какво решение кое води кон излез од кризата, се обидува да ја блокира државата и бега од избори.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДС да собере храброст и да излезе на локални избори кои би се одржале на ист трошок, заедно со предвремените парламентарни избори.

Граѓаните мора да добијат шанса да се произнесат околу намерите на Заев да воведе двојазичност на територија на цела Македонија, да воведе двојазични банкноти, да ги промени грбот, знамето, химната и името на државата и да спроведе федерализација или кантонизација, онака како што ветуваше во Швајцарија.

Затоа граѓаните секој ден се се’ помасовно на улица“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Дејан Павлески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија