А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да овозможи одржување на локални избори, а со нив и предвремени парламентарни

by А1он29/05/2017 - 09:08218
Share0

„Помина еден месец откако СДС насилно изведе сценарио за избор на претседател на Собранието флагрантно кршејќи го Уставот, низа закони и Деловникот за работа на Собранието. Собранието сеуште нема никаква активност која би била барем обид за излез од кризата во државата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Фактот дека и по еден месец од изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, во истото нема никаква активност и фактот дека СДС се уште ги кочи клучните и неминовни процеси во државата, како одржувањето на редовните локални избори, покажува дека СДС, очигледно, со намера го изведе сценариото од 27-ми април, за дополнително продлабочување на кризата.

СДС секогаш се однесува калкулантски, ставајќи ги теснопартиските интереси и приоритети пред државните.

СДС секогаш се служи со интриги и манипулации со цел да ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми кои секогаш тие ги причинуваат.

Следете a1on на Youtube YouTube

СДС и собраниското мнозинство имаат одговорност за пролонгирање на локалните избори со што се става под знак прашалник ефективното функционирање на локалната самоуправа.

Република Македонија и нејзините граѓани не треба да ја плаќаат сметката за антидржавното делување на СДС. Државата не смее да трпи, економијата не смее да стагнира, граѓаните сакаат да одат напред. СДС мора да овозможи одржување на локалните избори, а со нив и предвремени парламентарни избори, кои се вистинско долгорочно решение за државата.

Додека СДС со својата деструкција се заканува да ја уназади Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ не запира со проектите за доброто на сите граѓани. Претседателот Никола Груевски во последната недела посети неколку капитални проекти кои се во крајна фаза на реализација.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ стави акцент на инфраструктурата, градејќи три автопати паралелно, се работи на делниците Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Се градат и експресните патишта Битола-Буково-Ресен и Штип-Кочани.

ВМРО-ДПМНЕ го отпочна и проектот за целосна гасификација на државата, паралелно градејќи три гасоводни крака. Инвестиравме во здравството како никоја Влада до сега, во нова медицинска опрема, обука на кадар и реновирање и изградба на медицински установи.

Евидентна е разликата, а граѓаните знаат да препознаат! ВМРО-ДПМНЕ гради и создава, додека СДС сее деструкција и омраза. Граѓаните сакаат напредок, наместо стагнирање, граѓаните сакаат излез од политичката криза, токму затоа локални избори веднаш, парламентарни заедно со нив“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:03

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Предраг Петровиќ05/11/2026 - 19:17

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Горан Наумовски01/11/2026 - 13:33

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 20:20

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски15/10/2026 - 09:2715/10/2026 - 09:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео