ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не го штити, туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол

Од:

„Филип Андов Сокол кој е член на ЦО на СДС на Венко Филипче, е синоним за начинот на функционирање на СДС и ДУИ. Филип Андов Сокол кој е исто така поранешен советник на Заев е доказ за криминалното владеење на СДС во изминатите 7 години. СДС соработувала со криминалци а преку Филип Андов Сокол стигнале до ниво и државата да работи за криминалци. Сокол трошел државни ресурси и народни пари за да се рашетуваат криминалците од Шутка“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „Филип Андов Сокол од затворот Шутка направил хотел, тешки криминалци излегувале кога сакаат и каде сакаат а униформирани лица тајно ги транспортирале до местото до кое тие сакале, со службени возила и трошеле службени ресурси“.

„СДС и Филип Андов Сокол наместо да се борат против криминалот преку нив државата работела за криминалците. СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол. Правда и одговорност мора да има“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?