ВМРО-ДПМНЕ: СДС да беа способни, немаше состојбата во државата да е таа што е

Од:

Со ништо СДС не може да го скрие вчерашното целодневно јавно бламирање. Ниедно соопштение за ниедна тема не може до го испере нивното бламирањето на јавна сцена и непознавањето на состојбите на нивниот претседател, Венко Филипче по вчерашната прес-конференција. Излишни се коментарите за состојбите во економијата на оние кои што за седум години целосно ја уништија, а стандардот на граѓаните го срозија, доведувајќи над пола милион до просјачки стап со по 150 денари на ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС да беа способни и да водеа правилни економски политики, немаше состојбата во државата да е таа што е, а нивната политичка елита дополнително збогатена на грбот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија која ја предводи македонската Влада посветено работи на подобрување на економската состојба во државата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Тоа, пред се, се прави преку издржани и долготрајни решенија кои на долг рок ќе обезбедат економски развој и подобар живот за сите. Се водат интензивни разговори за историска инвестиција во вредност од над една милијарда евра за изградба на когенеративна централа која ќе овозможи еколошка и конкурентна цена на електричната и топлинска енергија, која директно ќе влијае на растот и развојот на економијата и животниот стандард на граѓаните. Исто така, континуирано се преземаат итни мерки за зачувување на куповната моќ и стандардот на граѓаните, преку намалување на цените на прехранбените производи, меѓу кои последната е ограничување на маржите на над илјада производи. Во континуитет се зголемуваат платите и пензии, кои со исплата на мартовските пензии следи ново линеарно покачување од 2.500 денари и покачување како на минималната платата, така и на платите во разни сектори како здравство, образование, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија