ВМРО-ДПМНЕ: СДС брани фашизам, го регистрира здружението Цар Борис

Од:

СДС брани фашизам, го регистрира здружението Цар Борис, а европските социјалдемократи го ништат идентитетот, како СДС. СДС дозволи формирање на клубот Цар Борис, исто како што претходно дозволи формирање на клубот Ванчо Михајлов. Владата на СДС доколку не поддржува фашизам ќе испратеше барем една протесна нота, но од тоа ни трага ни глас. Напротив, и од нивното политичко семејство во Европа добиваме негација на идентитетот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Станишев, лидерот на европските социјалдемократи побара да се избрише македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот. Станишев е човекот кој пред парламентарните избори во 2020 година отворено изјави дека Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев и СДС. А, имаше и изјави дека за Бугарија најдобро е СДС и Заев да се на власт.

Ова се тие пријатели на СДС кои не негираат, и кои сакаат да го избришат нашиот јазик и идентитет на европско ниво, исто како што тоа го прави СДС во Македонија. СДС не прави ништо да ја заштити Македонија, напротив, допринесува за понижувања“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он