ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Од:

Оливер Спасовски е дел од групата предводена од другарите Венко Филипче и Зоран Заев на која основна дејност им се криминални активности. Спасовски заработи кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи во 2021 година како министер, овозможил на станица за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист од над 90.000 евра или околу пет и пол милиони денари. Спасовски и по предлог на надлежните не донел решение за одземање на овластување за технички преглед во законски предвидениот рок, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Што правел Спасовски? Си молчел и не го одземал овластувањето на фирмата за технички преглед, овозможувал истата да заработува нелегално, едноставно направил злоупотреба. Но, трагедијата не завршува тука. Истиот технички центар дал зелено светло за технички преглед на автобусот на Беса Транс кој се запали во Бугарија, настан во кој загинаа 45 македонски граѓани. Спасовски кој е добро познат на јавноста по низа на нелегални активности од времето на министерувањето во МВР е должен низа на одговори. Како, дали земал пари за неодземање на овластувањето на фирмата, колку, дали можеби трагедијата со автобусот на Беса Транс му ја проработила свеста. СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност. Но, за тоа треба да се ослободи од лицата во истата кои се олицетворение на криминалот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски