ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, место да го сузбива криминалот, отвора семејни фирми на домашна адреса

Од:

Дури и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, се впушти во бизнис водите преку неговиот син, да не остане покус од неговиот вистински шеф Али Ахмети, чии деца и внуци исто така имаат голем претприемачки дух велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– На 12 октомври, 2022 година на домашната адреса на Сашо Тасевски, е регистрирано Друштво за трговија, услуги и производство СМАРТИОТ ДООЕЛ, компанија која се занимава со информатичка технологија, со ограничена одговорност на едно лице, сопственик и управител, синот на Сашо Тасевски. Сашо Тасевски треба да даде одговор, зошто оваа фирма на име на синот не ја пријавил во ДКСК, за што има законска обврска. Замислете, човекот задолжен за спроведување на законот и безбедноста во Македонија, самиот го прекршува законот. Криењето на имоти и фирми очигледно е главна одлика во СДС, а каде јавноста се запозна преку аферата “Тајни имоти”. Граѓаните заслужуваат власт, која искрено се грижи за нивната безбедност, а не лица, на кои поважно им е синовите да ги направат бизнисмени и милионери, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски