ВМРО-ДПМНЕ: Саше Политико го вознемири потпретседателот Пешевски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не се огради од физичкиот напад на вицепремиерот Пешевски врз Саше Политико, туку од владејачката партија предупредија дека и следниот пат ќе има вакви последици по Саше Политико и „сличните на него“.

– Следниот пат, и СДСМ и платениците како Политико и слични на него треба да бидат свесни дека ќе се носат со последиците кои се резултат на било кое загрозување на приватност, слобода и права кој секој поединец и субјект независно од функцијата која ја поседува. Глумењето на жртва само претставува доказ за смисленоста на ваквиот инцидент предизвикан од Ивановски, а стимулиран и платен од СДСМ, стои во соопштението на ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека на потпретседателот на Владата, Владимир Пешевски, денес му бил нарушен интегритетот и бил вознемируван и предмет на вербален, со можност за сериозен физички напад од страна на „платеникот на СДСМ Саше Ивановски кој евидентно ја загрози приватноста, личната безбедност и слободата на движење на Пешевски.“

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела