ВМРО-ДПМНЕ: Само власта на СДСМ и водачите на Талибанците и ИСИС издаваат наредби да се уриваат споменици

Од:

„СДСМ треба да биде загрижена заради фактот дека само нивната власт и водачите на Талибанците и на ИСИС во 21 век издаваат наредби да се уриваат споменици.

Ваквите деструктивни акти се одраз на ретроградна политика која ја осудува целиот демократски свет.

Факт е дека СДСМ ја има власта скоро 9 месеци и дека не успеа за сето ова време да сработи макар еден проект во полза на граѓаните. Единствено нешто по кое граѓаните ќе ги паметат овие 9 месеци се укинувањата, уривањата и антидржавните политики.

Граѓаните од власта очекуваат проекти, реформи и просперитет. Тоа е нешто што СДСМ не може да го испорача и што ќе може граѓаните да го добијат од идната власт на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски