А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска и Јовевски се оние кои го амнестираат криминалот на власта

by А1он21/09/2019 - 09:34224
Share0

„Зоран Заев и Владата на СДСМ се синоним за рекет, корупција и криминал. Eдинствено нешто што јавноста го виде од Зоран Заев овие три години се афери и незаконско работење.

Следете a1on на Instagram Instagram

Човекот кој три пати беше амнестиран за милионски криминал сега ја укина правната држава. Рекетарската банда на чело со амнестираниот Заев ја зароби државата и со неа сега владее мафијата.

3 години владеење на СДСМ, три години криминал и корупција, три години криминални афери кои кулминираа со најголемата криминална афера во македонската историја, аферата Рекет“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Главата на криминалниот октопод, Зоран Заев преку своите пипци навлезе во секоја пора на македонското општество, рекетираше милиони евра и уценуваше македонски бизнисмени, политичари, граѓани.

Следете a1on на Youtube YouTube

Сега гледаме дека Рекетот има и продолжение Рекет 2. Власта не само што рекетирала македонски бизнисмени туку ја злоупотребила својата моќ и влијаеле и врз странски инвеститори.

Претходно цела македонска јавност слушна како генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски договараше и местеше тендери, велеше „Leonardo will win“. Оовој случај како и претходните скандали не доби правна развршница.

Нема судска разрешница ниту за крвавите тендери на Венко Филипче кој дозволи анонимна човек фирма да учествува како единствен понудувач на тендер тежок 35 милиони евра. Предвесник на општиот гравеж кој го спроведува оваа криминална банда беше случајот со криманлните грантови од Фондот за инвоации.

Русковска и Јовевски се оние кои го амнестираат криминалот на власта, но никој не е вечен па така ни тие. Секој еден ќе одговара за своите постапка, за сторениот криминал. Кога оваа криминална власта ќе си замине ќе има разрешница и за рекетот и за случајот „Леонардо“, правда ќе има и за крвавите тендери во здравството и за криминалот со Фондот за иновации, а ќе одговараат и сите оние кои застанаа на патот на правдата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:56

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео